Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Pazarni strukturi (makedonski)". Rad ima 12 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Ako tekst koji se nalazi ispod nije čitljiv (sadrži kukice, znakove pitanja ili nečitljive karaktere), molimo Vas, prijavite to ovde.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati ovde.
Семинарска работа
Предмет
Основи на Економија
Тема
Пазарни структури
Содржина:
Вовед
Видови пазарни структури:
Совршена конкуренција
Монопол
Олигопол
Монополистичка конкуренција
Правни бариери
Заклучок
Користена литература
Вовед:
Поимот пазарна структура упатува на типот на пазарот на којшто дејствува фирмата.Економската наука разликува четири видови на пазарни структури:
Совршена конкуренција
Монопол
Олигопол
Монополистичка конкуренција
Основа за разликување на овие четири видови на пазарни структури се:бројот на учесници на пазарот(продавачи и купувачи),моќта да се влијае врз висината на цената на производот,природата на производот (дали станува збор за производи од ист квалитет-хомогени производи или пак станува збор за производи од различен,диференциран квалитет) и бариерите за влез (дали егзистираат ограничување за влез и излез на нови фирми во секторот и од секторот).
Кај совршената конкуренција како вид на пазарна структура има голем број на независни претпријатија,нема никакво влијание врз цената,природата на производот е хомоген а бариери за влез не постојат.
Кај монополот постои едно и независно претпријатие,постои големо влијание врз цената но по правило е регулирано од владата,производот по природа е еднинствен (уникатен),постојат комплетни бариери за влез-нови фирми не можат за влезат во секторот.
Кај олигополот постојат неколку меѓусебно независни претпријатија,постои одредено влијание врз цената,производот може да биде хомоген или диференциран и постојат бариери за влез.
Кај монополистичката конкуренција постојат многу независни претпријатија,постои ограничено влијание врз цената,приозводот е диференциран и бариери за влез речеси не постојат.
Совршена конкуренција
Совршената конкуренција е вид на пазарна структура во која се појавуваат голем број на производители и купувачи, кои произведуваат производи со идентични карактеристики, во која бариери за влез и излез од секторот не постојат (влезот и излезот на фирми во индустријата е слободен) и цените се однапред утврдени од страна на пазарот. Овој модел на пазарна структура е идеален и рационално ги користи сите расположливи ресурси. Во услови на совршена конкуренција во рамките на целата индустрија постојат голем број на мали и независни производители. Кривата на побарувачката на доброто X во услови на совршена конкуренција во рамките на цела индустрија има опаѓачки наклон, заради фактот штосо пораст на цената бараната количина опаѓа. Кривата на побарувачка на доброто X на индивидуално претпријатие е хоризнонтална линија, што значи станува збор за совршено еластична побарувачка (мало покачување на цената доведува до нагло опаѓање на побарувачката т.е. до нула). Целта на претпријатијата во услови на совршена конференција е да го максимизираат профитот. Со секое зголемување на производството, а со тоа и зголемување на профитот претпријатието ги зголемува трошоците. Логички гледано, на претпријатието му се исплаќа да го зголемува производството се додека маргиналниот приход(MR) е поголем од маргиналниот трошок(MC). Праволото за максимизирање на профитот на претпријатие во услови на совршена конкуренција врз основа на законот за опаѓачки приноси гласи: MR=MC. Ова правило може да биде корисно и во услови кога претпријатието поради ниските пазарни цени бележи загуба во работењето. Со други зборови ако фирмата е соочена со остварување на загуба ќе биде рационално да се изнајде обемот на производство кое што фирмата треба да го оствари за да ја минимизира загубата.
...
-------------------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU.---------------------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL:
maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!